Горан Милевски е предложен за амбасадор во Словенија

За доскорешниот претседател Горан Милевски, кој даде оставка од партиската функција и од функцијата министер за локална самоуправа, Пенов рече дека тој бил против францускиот предлог и дека неговиот став не поминал низ органите на партијата.

– Ако си против француски предлог, а Владата го усвојува, тогаш каде ти е местото? Неговиот став не помина низ органи. Пратениците гласаат „за“, се определија за Европа, за чекор понатаму, рече Пенов. На прашањето дали Милевски ќе биде предложен за амбасадор, Пенов одговори дека „во постапка е“. – Предложен е, во некоја постапка е, рече Пенов.

Либертас од извори во владата дознава дека екс министерот и екс лидер на ЛДП Горан Милевски  е предлогот  да биде амбасадор на нашата држава во Словенија.

Back to top button
Close