Гостивар: Родители не ги пуштаат децата на училиште поради соученичка со даунов синдром

Сите ученици го започнаа второто полугодие токму на 1 февруари, но не и 11-годишната Ембла. Таа денеска тргна на училиште но сама, поради тоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека Ембла била агресивна кон нивните деца, објави ТВ Клан.

Ембла е дете со посебни потреби – има даунов синдром. Тоа е причината поради којашто родителите на другите деца не сакаат таа да учи со нив.

„Поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивноста, донесовме одлука ние како родителите да се бојкотира наставата од редовните ученици“, стои во петицијата што ја покренаа родителите.

Зијадин Нуредини, директор на ОУ „Башкими“ изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес.

Но, за разлика од директорот, нејзиниот татко негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки. „Ембла“ ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.

Таткото на Амбла, Илир Адеми за тв21 раскажува дека таа од септември имала образовен асистент но често требало да ги менува класовите и учителите, што е доста заморно за дете со посебни потреби.

„Беше кај салата за претстави, сама со асистентот. Родителите одржале состанок, каде што била присутна и жена ми и не се согласила таа да учи неколку часа таму, сама со асистент и само на часовите за вештини да биде во училница со нејзините врсници. Плус тоа, да менува три класови, секои две недели да менува по една наставничка. Тоа не е нормално за дете кое нема проблеми а не за ќерка ми која има Даунов синдром. Ние како родители инсистира ме таа да биде во клас со нејзините врсници и да се интегрира со нив,“ вели таткото на Амбла.

Директорот на основното училиште Башкими, Зијадин Нуредин и вели дека Амбла со нејзините врсници учи само на неколку наставни часа, така како што се д оговориле со родителите на другите деца.

„По состанокот со родителите кои бојкотираат, се договоривме со сите родители, со родителите на Амбла, одговорното лице за образование и ние како институција, да не ги следат сите часови заедно, првично само физичко образование, музика и ликовна образование да ги држи со другите ученици а другите часови со асистентката која ја има,“ вели Нуредини.

Но наставата во посебно одделение не е добра идеја смета директорот на Здружението за лица со посебни потреби „Заедно можеме“ Шпенд Салија. За тв21 вели дека овие деца имаат право да учат и да се интегрираат со нивните врсници.

„Многу се вознемирив од овој случај, тоа е злосторство, може да се смета за злосторство бидејќи и се одзема правото за образование и тоа е исто како да ви се одземе правото за живот. Тоа е предвидено и со закон, треба да се казнат лицата кои го прекинуваат правото за школување на едно дете. Училиштата се едукативни – образовни институции, не се за реализирање на желбите на родителите бидејќи постои закон за начинот на кој функционираат училиштата. Плус тоа има и Закон за инклузивно образование со кој се предвидува секој дете да има право на школување,“ вели Салија

 

 

 

Back to top button
Close