Граѓаните на Дубаи пријавуваат непозната болест, ја поврзуваат со неодамнешните поплави

Луѓето во Дубаи и остатокот од Обединетите Арапски Емирати пријавиле дека се разболеле од водата за пиење по големите и тешки поплави што го погодија регионот.

Поплавите буквално го запреа животот во пустинската земја и предизвикаа хаос на аеродромот во Дубаи, најпрометниот меѓународен воздушен центар во светот. Временските услови предизвикаа Emirates да ги откажат летовите за 200.000 патници и да одложат многу повеќе. Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија. Сепак, дождовите беа најсилни низ ОАЕ.

Сега луѓето во Обединетите Арапски Емирати почнаа да покажуваат симптоми поврзани со наводно загадената вода, соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението, кое го пренесе државната новинска агенција, не се прецизира точно колку луѓе се болни или од што точно се лекуваат.

Имало „многу ограничен број случаи кои покажаа одредени симптоми на влијание на загадена вода“ и тие се на болничко лекување, велат од Министерството, но не прецизираат што ја предизвикало загаденоста на водата.

Back to top button
Close