Град Скопје: Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ нека им каже на сограѓаните зошто партијата не гласа за набавка на нови автобуси

„Со жалење констатираме дека Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на нивните манипулации. Пред да го организираат протестот пред градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Шуто Оризари, Ерџан Демир кој ги предводи и кој воедно беше и кандидат за пратеник од истата партија, би требало да ги информира своите сограѓани дека во Шуто Оризари нема јавен превоз бидејќи советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје одбива да им овозможи на приватните превозници да возат на нивните автобуски линии согласно барањата кои ги имаат доставено до Трајко Славевски пред неколку месеци“ соопштија попладнево од Град Скопје.

Оттаму велат дека „Ерџан Демир претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ би требало да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси за граѓаните на градот Скопје, а со тоа и на граѓаните на општина Шуто Оризари“.

„Срамно е и лажењето на Курто Дудуш, кој своите сограѓани ги лаже и ги тера да протестираат на минусни температури за тој да и се допадне на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од каде се надева на поддршка за следен мандат. Курто Дудуш би требало да ги информира своите сограѓани дека во Шуто Оризари надлежен за чистење на депониите е тој како градоначалник и општинските служби кои тој ги води. Треба да каже Курто Дудуш каде завршуваат парите кои на парагон блокче се наплаќаат од жителите на Шуто Оризари за собирање на отпад, кој потоа завршува на диви депонии формирана токму од службите на општина Шуто Оризари“ велат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close