Градоначалникот Стефковски одликуван со Орден од МПЦ


Со одлука на Архепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан, а врз основа на член 77 од Уставот на Македонската православна црква – Охридска архепископија, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски е одликуван со орден „Архепископ Доститеј”.

Во одлуката за доделување на орденот стои: „Одличието Архепископ Доститеј му се доделува на Бобан Стефковски за неговиот особен придонес при изградбата и украсувањето на храмот Св. 40 Маченици во Смилковци – Скопско”.

Орденот на градоначалникот Стефковски му беше врачен од страна на Архепископот Господин Господин Стефан на осветувањето на храмот Св. 40 Маченици на Смилковското езеро.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close