Грчкиот премиер и претседателката се заложија железничката трагедија никогаш да не се повтори

Не чувствуваме само одговорност, туку би рекла и срам. Мора да има итна и целосна одговорност во секоја насока.  И сите заедно, со сите сили да се погрижиме ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, рекла грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за железничката несреќа во земјата со 57 жртви..

Сакеларопулу, за време на денешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис додала дека земјата живее трагедија, а општеството е луто и „ја губи довербата во институциите“, истакнувајќи дека овој гнев и бес на народот не смее да се заборави.

Back to top button
Close