Грција ја поддржува „политиката на една Кина“

„One China policy“, односно политиката на една Кина е позицијата на Грција, изразена како од владиниот портпарол и шефот на грчката дипломатија, така и од опозициската СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање за односите Кина-Тајван, рече дека на светот не му се потребни други тензии и повтори дека позицијата на Грција е усогласена со ставот на ЕУ.

-Нашата земја е непоколебливо посветена на ставот дека разликите треба секогаш да се решаваат по мирен пат, како што предвидуваат меѓународното право и меѓународните договори. Што се однесува до конкретното прашање, ние сме целосно усогласени со позицијата на ЕУ. Грција непоколебливо ја поддржува политиката на една Кина, рече Иконому.

Оваа грчка позиција, односно политиката на една Кина, ја повторил и министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на вчерашната средба со неговиот кинески колега Ванг Ји на маргините на 55-от министерски состанок на Здружението на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Камбоџа.

Идентичен е ставот и на опозициската СИРИЗА, од каде што велат дека тоа е грчка и европска позиција што тие и во минатото и сега ја поддржуваат, додаваат дека со загриженост ја следат „ескалацијата на тензиите на глобално ниво, што создава услови за нова студена војна“ и повикуваат на иницијативи „во насока на деескалација“, кои тие би ги поддржал

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close