Грција уапси 79 осомничени за подметнување пожари

Полицијата приведе 79 лица во Грција под сомнение дека ги подметнале пожарите кои ја пустошат земјата.

Пожарите во Грција, во кои загинаа најмалку 20 лица, беснеат веќе една недела. Грчките пожарникари сè уште се борат против неколку пожари, но и против силните ветрови и топлиот и сув воздух, во неколкудневно ширење на пожарот на североистокот на Грција и на периферијата на главниот град Атина.
Василис Кикилијас, министерот за цивилна заштита, рече дека имало неколку обиди за подметнување пожар на планината Паринта, северозападно од Атина.

– Вие правите злосторство против сопствената земја. Олоши и пиромани подметнуваат пожари кои им се закануваат на шумите, имотот и, пред сè, на човечките животи – изјави Кикилијас, пренесува новинската агенција АФП.

Министерот за цивилна заштита истакна дека никој нема да се извлече и дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Во пожарите минатата недела загинаа 20 лица, меѓу кои и две момчиња на возраст од 10 до 15 години, а властите веруваат дека жртви се бегалци кои дошле од Турција.

Back to top button
Close