Грета Тунберг пуштена од притвор по полициската проверка на идентитетот

Климатската активистка Грета Тунберг денеска е ослободена, откако заедно со други активисти била приведена на протест против уривањето на село во Германија за проширување на рудник за јаглен, соопшти полицијата.

Според полицијата, Тунберг бил ослободен по проверка на идентитетот, пренесува Ројтерс.

Тунберг беше меѓу групата демонстранти кои беа приведени денеска за време на протестот против ископ на јаглен во рудник во близина на германското село Лицерат.

Полицијата претходно за Би-Би-Си изјави дека Тунберг не е уапсена и дека ќе биде ослободена откако ќе се провери нејзиниот идентитет, како и дека и останатите приведени демонстранти ќе бидат ослободени без обвинение по проверката на идентитетот.

Тунберг, 20-годишна шведска активистка за зачувување на климата, се појави неколку пати од минатиот петок на протест во областа Лицерат, меѓу Ахен и Дизелдорф, по одлуката да започне ископување лигнит во селото.

„Едноставно не можеме да прифатиме дека на енергетската компанија РВЕ и е дозволено да работи со германската влада и со тоа да ги загрози животите на безброј луѓе“, рече Тунберг.

Тунберг, кој со денови протестира против проширувањето на рудниците и ископувањето на лигнит заедно со други активисти, неодамна во интервју за германската телевизија АРД изјави дека Германија историски е еден од најголемите загадувачи на природната средина во светот, објаснувајќи дека загадувањето што се случува во Германија не останува само во таа земја.

Пред пет години Тунберг го привлече вниманието на светската јавност кон себе кога организираше средношколски климатски протести кои добија глобален карактер.

Нејзиниот личен протест организиран на 15 март 2019 година, под слоганот „Училишен штрајк за климата“ пред шведскиот парламент во Стокхолм привлече медиумско внимание, а околу 1,4 милиони студенти од 112 земји и се придружија.

Тројца пратеници во норвешкиот парламент ја номинираа за нејзиниот активизам

Back to top button
Close