Грифитс: Извештаите за стотиците загинати во Газа се ужасни


Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош Мартин Грифитс изјави дека е „ужаснат“ од извештаите дека денеска загинале и се повредени стотици луѓе при транспорт на помош во Газа.

Дури и по речиси пет месеци брутални непријателства, Газа сè уште има способност да не шокира, наведе Грифитс.

Тој додаде дека со овој напад бројот на загинати луѓе во Појасот Газа од 7 октомври надмина 30.000.

Back to top button
Close