Груби:Бехтел и Енка со ист закон градат во Србија. Лажните вести и блокадата на опозицијата не можат да ја запрат градбата кај нас

„Со истиот посебен закон, со истиот договор, компанијата Бехтел – Енка гради и во Србија каде денеска државните органи пуштија во употреба дел од автопатот. Посебен закон изгласа и Собранието, беше договорен и потпишан договор со истата фирма за изградба на коридорите 8 и 10-Д, а сега Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација.

Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат градбата, само ја поскапуваат и пролонгираат“ напиша денеска на Фејсбук првиот вицепремиер, координаторот на градбата на коридорите Артан Груби, алудирајќи на една делница од Моравскиот коридор.

Координаторот на проектот за изградба на новите автопати во земјава подвлекува дека „Од пратениците зависи дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо“.

Back to top button
Close