Груби: Ние сме Ахметисти, поддржувачи на духот на Ахмети, феномен кој секогаш победува

Артан Груби од ДУИ, вчера во Теарце изјави дека поддржувачите на ДУИ се поддржувачи на Ахметовскиот дух. Тој рече дека феноменот Ахметисти се студира од многу политиколози.

„Вие сте приврзаници, поддржувачи на Ахметовскиот дух. Ахметовскиот дух кој денеска се студира од политиколози, читате колумни секој ден од македонски и странски автори каков е Ахметовскиот феномен кој победува војни, мир, победи и на избори, за 42 години по ред. Ахметовскиот дух цело време бараше војна, се бореше за правда, слобода и еднаквост и кога војната дојде тие избраа мир“, вели Груби.

Back to top button
Close