Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не е на Христијан и Александар, лудо е ова што го прават – власта мора да падне час поскоро!

Економијата е многу падната, а сиромаштијата зголемена, неправдата е голема и луѓето не можат да издржат, ова го изјави поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски преку видео повик од Будимпешта во емисија на порталот „Инфомакс“

„Постои големо незадоволство од актуелните политичари и овие од Власта кои се тешка катастрофа и за кои го охрабрувам ВМРО-ДПМНЕ да направат чекори со кои побрзо ќе ја срушат Владата, бидејќи една година чекање е многу, народот бега од Македонија ќе останеме без народ и луѓе“, изјави Груевски.

Тој рече дека е ова е прво видео интервју кое го дава по 2019 година. Требало да се појави во интервју за 360 степени кај новинарот Васко Попетревски, но немало технички можности, па затоа ја прифатил поканата на „Инфомакс“.

„Откако ме нападнаа овие денови од ВМРО-ДПМНЕ, јас се трудам да се воздржам, да не кажам некои работи кои ќе направат голема штета, јас имам многу информации и од времето кога сме биле заедно и потоа, но јас зборувам воздржано иако сум незадоволен за многу работи“, додаде Груевски.

Груевски рече дека важно е во моментов оваа Влада да падне, а да им се помогне на граѓаните.

„Јас до 19-ти септември до интервјуто на Груевски, немав ниту еден збор кажано јавно за Христијан Мицкоски со кои би направил штета, јас со многу нивни политики не се согласував и сега не се согласувам, но тоа не излегувам јавно да го кажувам за да не направам штета, затоа што промена на оваа Власт е потреба час поскоро и сега во ова интервју многу внимавам. Го споменавме Александар Николовски. За толку многу работи можам да му одговорам на Александар, да не може да се отплетка со месеци или на  Христијан и да се занимаваат само со мене. И да се чудат што ги снашло. Таа партија не е на Александар или Христијан“, додаде Груевски.

 

Back to top button
Close