Груевски за белградска “Политика”: Не се враќам додека судството е во канџите на Заев, а Мицкоски му е сојузник

Поранешниот премиер Никола Груевски во интервју за српска “Политика” истакна дека многумина во Македонија се плашат од евентуално негово враќање во земјава.

Дел од интервјуто на Груевски:

Неодамна обелоденивте дека постои соработка меѓу Заев и опозицискиот лидер Мицкоски.

Стојам зад тие изјави. Во меѓувреме стаса и јавна потврда од министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, за соработката меѓу Заев и Мицкоски, кога во интервју за македонски медиум истакна дека Заев на партиски состанок во седиштето на СДСМ го запознал раководството на партијата за содржината на разговорите со Мицкоски. Значи тоа веќе не е тајна, ниту непроверена информација. За жал, наместо да се бори да го порази Заев на политичката сцена и да помогне во запирање на неправдата која преку политички прогон ни е спроведена мене и на моите поранешни соработници, Мицкоски стана најголем сојузник со оној кој го креираше и диктира тој политички прогон. Заев направи непроценлива штета на Македонија, особено неговите ставови во врска со националните прашања.

Влезот на Бугарите во Уставот е помал проблем, затоа што потоа следуваат поголеми прашања, прашањата за идентитетот на македонскиот народ, неговара историја и јазик. Знаејќи ги јавно изнесените ставови на Заев дека ние и Бугарите сме ист народ, што го изјави во интервју за бугарски медиум, а тоа македонската јавност го виде, се прашувам што следи за Македонија по изборите следната година ако тој и понатаму го држи во заложништво лидерот на опозицијата.

– Според зборовите на Мицкоски сте се договориле со властите да Ве ослободат со измените на Кривичниот законик, за што наводно сте ветиле противуслуга. Дали е тоа точно?

Помина повеќе од месец дена откако се усвоени измените на Кривичниот законик и сега е сосем јасно дека таа измена не енаменета за мене. Тоа беше валкан спин со краток рок на траење. Да беше тоа така, да беше тоа во мој интерес, јас веќе еден месец ќе бев во Скопје и овој разговор би го воделе во Македонија. Меѓутоа, како што гледате и знаете, јас и понатаму сум во Будимпешта. Но, ако следната година, во август на власт би дошта нова Влада без партијата СДСМ, Заев и многу други луѓе од врвот на власта, на основа на овие членови од кривичниот законик каде казните се намалени, не би можеле да се гонат за злоупотреба на службената положба и овластување за првите три и пол години, туку само за последните две. Тоа е еден вид на амнестија и за него и за другите од истиот табор.

Неколкумина албански политичари секојдневно ја обвинуваат политичката партија ДУИ и го споменуваат 23 октомври како ден за Ваше враќање. Дали е тоа возможно?

Ова се изјави на албанските и македонските политичари, кои се блиски со фолклорот на Мицкоски и Заев, што го гледаме веќе околу еден месец. Незрелите политичари мислат дека вечно ќе бидат моќни….

Повеќе

Back to top button
Close