Хабек позитивен на корона вирус по посетата на Прага и Виена

По враќањето од посетата на Чешка и Австрија, германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек е позитивен на тест за Ковид-19.

Прво брзиот, а потоа и ПЦР тестот бил позитивен, соопшти неговиот Кабинет во Берлин.

Хабек се вратил во Берлин од Виена со симптоми на настинка.

Тој веднаш се изолирал и ги откажал сите настани на кои требало лично да присуствува

Back to top button
Close