Хамас објави видео со израелско-американскиот заложник Едан Александер
Хамас објави видео кое, според нив, го прикажува израелско-американскиот заложник Едан Александер, кој е во Газа од 7 октомври 2023 година, кога беше киднапиран од страна на палестински милитанти.
Во видеото, младиот маж се претставува како Едан Александер и наведува дека во Газа е веќе 551 ден. Тој прашува зошто сè уште се наоѓа таму и моли да биде ослободен.
pic.twitter.com/g12xjtYbkf
Hamas Releases Video Showing Israeli-American Hostage Edan Alexander alive, a soldier in an elite infantry unit on the Gaza border when he was abducted by Hamas during their October 7 attack on Israel.The Alexander family said: "Our Edan is still being…
— Nizam Tellawi (@nizamtellawi) April 13, 2025
Монтираното видео е објавено непосредно пред еврејскиот празник Пасха, кој го слави ослободувањето. Семејството на Александер објави соопштение во кое наведува дека овој празник нема да биде празник на слободата сè додека Едан и останатите 58 заложници се уште се во заробеништво во Газа.
Хамас и претходно има објавувано видеа со заложници кои молат за своето ослободување. Израелските власти таквите видеа досега ги отфрлаа како пропаганда со цел да се изврши притисок врз израелската влада. Војната трае веќе година и половина.
Хамас досега ослободи 38 заложници како дел од договорот за примирје што започна на 19 јануари. Израелската влада во март ги обнови копнените и воздушните напади врз Газа, со што беше прекинато кревкото примирје.
Израелските власти изјавија дека воената кампања ќе продолжи сè додека не бидат ослободени преостанатите 59 заложници и додека не се демилитаризира Газа. Хамас, пак, инсистира дека ќе ги ослободи заложниците само како дел од сеопфатен договор за крај на војната и одбива да го положи оружјето.
САД, Катар и Египет посредуваат меѓу Хамас и Израел во обид да се постигне договор.
Воените дејства започнаа на 7 октомври 2023 година, кога милитанти на Хамас влегоа во јужен Израел и убија околу 1.200 луѓе и киднапираа 251 лице од јужен Израел. Според израелската армија, 58 сè уште се во Појасот Газа, од кои 34 загинале. Како одмазда, Израелските сили убија над 50.000 Палестинци во Газа, тврдат здравствените власти во енклавата. Речиси целото население е раселено, а Газа е уништена.