Хамас: Предупредувањето на Трамп за заложниците „дополнително го комплицира“ примирјето во Газа
Висок претставник на Хамас денеска изјави дека предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за групата веднаш да ги ослободи сите израелски заложници „дополнително ги комплицира работите“ во врска со кревкото примирје во Газа.
„Трамп мора да запомни дека постои договор што мора да го почитуваат двете страни и тоа е единствениот начин да се вратат затворениците (заложниците)“, изјави Сами Абу Зухри за француски медиуми.
„Јазикот на заканите нема вредност и дополнително ги комплицира работите“, додаде тој.