Хамас соопшти дека вечерва ќе ги предаде телата на уште двајца израелски заложници

Вооруженото крило на Хамас соопшти дека вечерва ќе ги предаде телата на уште двајца мртви израелски заложници, држени во Појасот Газа, јавија светските агенции.

Според соопштение објавено на нивниот канал на Телеграм, бригадите „Изедин ал-Касам“ ќе ги предадат во 22 часот по локално време „телата на двајца израелски затвореници чии останки беа пронајдени денес во Појасот Газа“.

Back to top button
Close