Хамас: Списокот на заложници ќе го доставиме наскоро

Списокот со имињата на израелските заложници што ќе ги објави Хамас во првата фаза од планираниот прекин на огнот меѓу групата и израелската армија ќе биде достапен наскоро, изјави денеска неименуван член на Хамас, додавајќи дека причината за доцнењето на листата е од техничка природа.

Најмалку осум Палестинци беа убиени утринава низ Појасот Газа во израелски напади, бидејќи најавениот прекин на огнот се уште не почнал да се применува.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари утринава изјави дека спроведувањето на прекинот на огнот е одложено бидејќи палестинската милитантна група Хамас не ја исполнила својата обврска да му испрати на Израел список на заложници кои треба да бидат ослободени првиот ден.

Израелската армија соопшти дека утрово извршила артилериско гранатирање и неколку напади со беспилотни летала врз цели на Хамас во северниот и централниот дел на Појасот Газа, бидејќи прекинот на огнот се уште не стапил на сила.

Претходно денеска, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на војската на земјата да не почне со прекин на огнот во Појасот Газа доколку Хамас не ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени, а не долго потоа Хамас објави дека групата се уште не му дала на Израел со список на заложници „од технички причини“.

Договорот за примирје меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас требаше да стапи на сила денеска во 8:30 часот по локално време, а во текот на првата фаза, која се очекува да трае шест недели, 33 од 98-те преостанати израелски заложници е планирано да бидат ослободени. За возврат, Израел ќе ослободи речиси 2.000 Палестинци од своите затвори

Back to top button
Close