Ханкок: Британските училишта можат да останат затворени и по септември

Британскиот министер за здравство Мет Ханкок изјави дека основните училишта во Англија може да не се отворат целосно дури и по септември, иако опаѓа заразата со коронавирусот во Велика Британија.

Ханкок на прес-конференција изјави дека „сегашниот план за работа“ на Владата е основните училишта во Англија да се отворат најрано во септември. Но, се разговара и за опцијата за отворање по овој рок.

Некои локални власти се спротивставуваат на повторното отворање на училиштата, бидејќи сметаат дека ќе биде невозможно да се заштитат наставниците и учениците од вирусот, од кој во земјата починаа повеќе од 40.000 луѓе.

Министерството за образование соопшти дека има „амбиција“ сите деца од основно образование да се вратат на училиште пред летните одмори, но не негираа дека оваа желба не може да се исполни.

Џеф Бартон, генерален секретар на Асоцијацијата на раководители на училишта и колеџи, рече дека не е изненаден од планот да се вратат сите ученици од основните училишта пред летните одмори.

„Амбицијата“ да се вратат сите основци еден месец пред летниот одмор е уште еден случај во кој владата ветува нешто што не може да се постигне, рече Бартон. 

Back to top button
Close