Хантер Бајден го повлече барањето за ново судење во случајот за нелегално поседување оружје

Синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер Бајден, денеска го повлече своето барање за ново судење за федералните обвиненија за оружје, откако обвинителите соопштија дека барањето се заснова на погрешно толкување на жалбената практика.

Хантер Бајден стана првото дете на актуелниот американски претседател осуден за кривично дело, откако поротата го прогласи за виновен во средината на јуни за прикривање информации за нелегална употреба на дрога кога купил пиштол во 2018 година.

Адвокатите на синот на претседателот Бајден побараа ново судење минатиот месец, велејќи дека федералниот апелациски суд не дал формално одобрение за продолжување на постапката по отфрлањето на жалбите.

Back to top button
Close