Хелез издаде наредба да им се забрани на Додик, Стевандиќ и Вишковиќ да влезат на воени локации

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез издаде наредба до началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на БиХ да не им дозволи на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, претседателот на Парламентот на РС, Ненад Стевандиќ и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ да влезат во воени локации, објавија сараевските медиуми.

Наредбата доаѓа во пресрет на Денот на Армијата на РС и Третиот пешадиски полк на вооружените сили на БиХ, што се слави на 12 мај. Централната манифестација ќе се одржи во касарната Козара во Бања Лука.

За Додик, Стевандиќ и Вишковиќ е распишана внатрешна потерница од Судот на БиХ, бидејќи не се јавиле на поканата на Обвинителството за сослушување поради сомневања дека сториле кривично дело „напад врз уставниот поредок“.

Back to top button
Close