Хибридниот центар против ДУИ е креиран пред неколку месеци на периферијата на Скопје – вели Бујар Османи

Новоименуваниот потпретседател на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, во настап на ТВ 21, зборува за создавањето „хибриден политичко-економски центар“ против оваа партија за што зборувал лидерот Али Ахмети на неодамнешниот состанок на Генералниот совет на ДУИ. Креирањето на „центарот“ Османи го лоцира и временски и географски.

„Пред неколку месеци, некаде на периферијата на Скопје, се одржа средба меѓу некои македонски олигарси и политички лидери, сегашни и поранешни политички лидери, со аларм или констатација дека Албанците добиваат повеќе отколку што заслужуваат или го уриваат политичко-економскиот монопол на македонската заедница и се согласија да создадат национален центар, за да се запре овој процес или, како што тие го нарекуваат, албанизација на државата и во нивната анализа – ова се кредибилни индикации – ДУИ го поврзуваат како парадигма или синоним на етничката еднаквост и позицијата на Албанците“,вели Османи.

Според него, ова не е страв од албанизација, туку страв од еднаквост.

„Затоа реков дека овие движења што се случуваат на албанската политичка сцена имаат извор во таа централна оркестрација. Ова, всушност, не е страв од албанизација, тоа е страв од еднаквост. Затоа што рамноправноста ја гледаат како привилегија, ако гледаат Албанци на важни политички, одлучувачки позиции или албанската економија … Дури и тие спомнаа дека во градежништвото денес сите фирми се албански фирми во Северна Македонија, а демек тоа го загрозува интересот. Ова не е ништо повеќе од страв од еднаквост, страв од губење на политичките и економските монополи“додава потпретседателот на ДУИ во видеото што самиот го објави на социјалните мрежи.

Османи не споменува конкретни имиња.

Ова тема била дискутирана и на највисокиот орган на ДУИ, Генералниот совет, кој заседаваше во неделата. Според партиското соопштение, претседателот на партијата, Али Ахмети, изразил загриженост од создавање на хибриден политичко-економски центар против ДУИ.

Заседавало раководството на ДУИ: Ахмети загрижен од „создавање хибриден политичко-економски центар против ДУИ“

Back to top button
Close