Хрват казнет оти се скарал сам со себе  

Хрват бил уапсен и казнет откако се скарал сам со себе.

Во неправосилната пресуда објавена деновиве, се наведува дека на 8 март годинава во угостителскиот објект „Тип топ“ во Вишњевац, 27-годишното момче го нарушило јавниот ред и мир оти викал на јавно место, говорејќи гласно, а неразбирливо, додека зборувал сам со себе.

Тој, според очевидци, во ресторанот почнал да вика: „Дали сум јас идиот!?“ По кусо време го турнал пепелникот од масата, а потоа и самиот паднал од столот на подот. После тоа повторно викал на цел глас „Јас сум ќелав, но не сум глупав мајмун!“ …Па, повторно седнал до масата и почна да вика дека ќе скрши сѐ и „нека се јават на кого и да сакаат“.

По „караницата“, човекот е прогласен за виновен за нарушување на јавниот ред и мир. Казнет со 700 куни, но ќе треба да плати 100 куни (823 македонски денари), бидејќи неговите два дена во полициски притвор се бројат како 600 куни

Back to top button
Close