Хрватскиот претседател ја заврши дводневната посета на Црна Гора

 

 

Претседателите на Црна Гора и на Хрватска, Јаков Милатовиќ и Зоран Милановиќ денеска беа во обиколка на Вирпазар и Река Црнојевица, со што ја заврши дводневната посета на Милановиќ на Црна Гора.

„Посетата на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, ја завршуваме со порака дека пријателството, дијалогот и меѓусебното почитување се единствениот начин за градење посилни врски и заедничка иднина“, напиша домаќинот Милатовиќ на платформата Х.

Во говорот во Подгорица во четвртокот, Милановиќ остро ја критикуваше ЕУ, рече дека хрватските војници нема да одат во Украина и изјави дека неодамна потпишаната декларација за воена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово нема правна тежина.

Back to top button
Close