И Груевски се офајди од УСАИД, работеше како консултант на српската влада, а го плаќаше американската агенција
Поранешниот премиер Никола Груевски е еден од луѓето кои изминативе денови ја критикуваше Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД и го славеше нејзиното блокирање од страна на Доналд Трамп, сокривајќи ги фактите дека тој и неговата партија во минатото биле директни корисници на помош и поддршка од УСАИД.
Токму Груевски во 2003 година бил ангажиран како советник на министерот за финансии на Србија преку проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетот на српското Министерство за финансии и пренесување на искуствата од земјите во транзиција во Србија.
Во 2002 година, додека Груевски беше министер за финансии, тој исто така соработуваше со УСАИД обезбедувајќи грант за развој на приватниот сектор, а поддршката од УСАИД не запре и додека Груевски беше премиер.
…
Повеќе