И Македонија на листата без ограничувања за патување, одлучи ЕУ

Советот на ЕУ денеска соопшти дека донеле одлука за проширување на списокот на земји за чии државјани се укинуваат ограничувањата за патување.

На проширената листа се наоѓаат Албанија, Австралија, Израел, Јапонија, Либан, Нов Зеланд, Северна Македонија, Руанда, Србија, Сингапур, Јужна Кореја, Тајланд и САД. Списокот ќе се прегледува на секои две недели.

Советот на ЕУ претходно препорача да се дозволи влез за странци вакцинирани со вакцина одобрена од ЕУ или СЗО чија имунизација е најмалку пред 14 дена. Земјите на ЕУ го задржуваат правото нагло да ги обноват ограничувањата доколку е потребно

Back to top button
Close