И на Путин очајно му е потребен Денот на победата

Бебиња во униформи, мали деца во тенкови од картон, основци во строј. Дури и пред огромнатавоена парадана Црвениот плоштад, во цела низа руски градови се слави 80-годишнината од победата над нацистичка Германија и се чини дека нема граници ниту за имагинацијата на родителите, ниту за државниот кич.

Па така во Кемерово во Сибир, новороденчињата во тамошната болница добиле воени капи и биле завиткани во маслинесто зелени ќебиња. „Придружете ни се!“, повикува администрацијата на социјалните мрежи. Таквата „трогателна“ облека има за цел да ја покаже „поврзаноста на генерациите“ под мотото: „Сети се како дури и најмалите граѓани на Русија се дел од една голема историја“.

Во Воронеж стотина деца од градинка исто така организираа „воена“ парада во воени возила и картонски авиони, придружени со звуци од тапани. Тоа воопшто не е единствениот град со таква манифестација. Во Владивосток повеќе од илјада ученици од основно училиште одржаа прва „детска воена парада“ во тоа подрачје, на која што настапија „правнуците на победата“.

Ученици од основно училиште во Владивосток на воена парада
Ученици од основно училиште во Владивосток на воена парадаФотографија: Guo Feizhou/Xinhua/picture alliance

И тогаш, исто како денес…

На парадата присуствуваше и гувернерот на областа, Олег Кошемјако, кој ја искористи приликата Денот на победата да го поврзе совојнаташтоРусијаја води во Украина. „Денес маршираат деца, чии татковци се борат на фронтот. Со право сме горди на одважноста и на храброста на нашите борци и знаеме со сигурност дека непријателот ќе биде поразен исто како во далечната 1945 година“, вели Кошемјако.

Тогаш имаше уште премногу луѓе кои беа свесни дека многу од нивните другари на загинале сосема бесмислено на бојното поле трчајќи кон истрели од митралези понекогаш дури и со празни пушки и дека на минските полиња биле праќани „политички сомнителни“ лица за да го расчистуваат патот.

Демонстрација на моќта на Москва

Со текот на времето сепак денот стана важен и за Кремљ за да ја демонстрира сопствената воена сила, вели Алекс Јусупов од фондацијата „Фридрих Еберт“ и додава дека под водство на Владимир Путин ова уште повеќе се засилило. „Руската држава во текот на изминатите дваесет години направи сè за да стане неразделен дел од оваа прослава. За Путин победата во Втората светска војна е константа врз која се темели целата руска државност и секако дека тој, како претседател, ја отелотворува таа државност“, сумира Јусупов.

За политикологот Абас Галјамов некаква воена парада во време на војна во Украина едвај има смисла. „Воената парада е замена за војна. Можеби е потребна во мирнодопско време кога војската не се бори, но сепак сакаат таа да се покаже“, вели Галјамов.

Но, руската војска веќе три години е до гуша во„специјална воена операција“и сосема е очигледно дека не ги постигнала своите воени цели во Украина. До толку повеќе парадата во Москва делува „несериозно“. „До 2022 година сите мислеа дека Русија е неспоредливо посилна од Украина. Одеднаш се покажа дека тоа не е вистина. Не може ни да стане збор за некаква голема воена вештина“, смета тој.

Грашенков е сигурен дека и овој петок децата во Москва ќе бидат облечени во воени униформи, но нема да бидат најважни за Путин бидејќи за овој руски претседател најважното е оваа церемонија да биде „што е можно поинтернационална“. Меѓународни гости секако доаѓаат веќе и од почит кон жртвите на СССР во целокупната победа на сојузниците над нацистичка Германија. Путин и на таа свеченост ќе ја поврзе победата од 1945 година со сегашната инвазија на Украина, но Грашенков не мисли дека премногу ќе инсистира на таквата споредба.

Воена парада во Москва во јуни 1945 година
Воена парада во Москва во јуни 1945 годинаФотографија: picture-alliance/akg

Пропагандата не може да ја промени историјата

За Галјамов парадата е „универзален инструмент“ како странство, така и за општеството во Русија. „Државната пропаганда ќе нагласува дека продолжува славната традиција на хероите на победата од 1945 година. Но, тоа тешко дека ќе го импресионира руското општество“, смета политикологот. Премногу е наметната споредбата меѓу тогаш и сега и премногу нешта од споредувањата меѓу Втората светска војна и сегашната војна во Украина не одговараат на реалната состојба. Денешната војна повеќе би можела да се спореди со нападот на Сталин врз Финска во 1939 година, кој до душа заврши со придобивка на одредени територии, но Црвената армија всушност беше поразена од една мала држава и дури со масовното засилување на руските сили Финска беше принудена на отстапки. Крајот на таа војна – 13 март 1940 година – Кремљ претпочита целосно да го избрише од сеќавањата.

Не е ништо различно ни со Украина, смета Галјамов. „Во последните три години Русите не стекнаа целосна контрола дури ни врз териториите што ги присвојуваат, а да не зборуваме за освојување на Киев“, вели тој, но сепак е сигурен дека државниот врв на Москва на9 мај 2025 годинаќе биде преполн со победнички занос. И Јусупов е сигурен дека „ќе видиме многу претстави. Ќе чуеме многу изјави. Ќе доживееме многу специјални телевизиски емисии“, вели тој. Кремљ ќе направи сè што може за да покаже дека Русија е исто толку моќна како и пред осумдесет години. (dw)

Back to top button
Close