Иако повикуваше да не се оди на Јадранско море, Виктор Орбан втора година по ред летува во Хрватска

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и годинава летува во Хрватска и покрај тоа што даваше изјави во кои ги убедуваше неговите сонародници одморот да го поминуваат во Унгарија наместо на Јадранско море.

 

„Повеќе Балатон, помалку Јадран“ – гласеше изјавата на унгарскиот премиер во јули 2020 г., во обид да ги убеди Унгарците почесто да летуваат во својата земја. Но, веќе истата година тој го погази зборот, па замина на одмор на хрватскиот остров Млет. Годинава тој одморот го поминува на хрватските острови Брач и Вис каде се сликал со вработени во еден од локалните ресторани.

Орбан е препознатлив по скандалозните изјави за Хрватска. Пред три месеци, на пример, тој изјави дека неговата земја не би имала проблем со евентуално ембарго за увоз на руска нафта доколку „не им било одземено морето“, јасно алудирајќи на хрватскиот брег чии делови во минатото биле дел од Унгарија.

„Оние што имаат море и пристаништа имаат можност да донесат нафтени танкери. Да не беше нашето море одземено од нас и ние би имале пристаништа“ рече Орбан пред три месеци.

На оваа изјава реагираше Хрватска која осуди какви било територијални претензии што Унгарија ги има кон која било соседна државa.

 

 

Back to top button
Close