ИДФ издаде нова наредба за евакуација од северниот дел на Појасот Газа
– Израелската армија (ИДФ) денеска издаде нова наредба за евакуација на жителите од северниот дел на Појасот Газа.
Наредбата за евакуација уследи откако во синоќешните израелски напади загинаа најмалку 35 луѓе.
Според палестинската официјална новинска агенција ВАФА (WAFA) објави дека при вчерашниот напад во градот Бејт Лахиа, северниот дел од Појасот Газа, загинале најмалку 20 луѓе.
Здравствените работници соопштија дека десет луѓе се убиени во централниот дел на енклавата, а петмина загинаа откако беше погодена куќа во Џабалија.