Илинденска е проодна, приватните превозници ја тргнаа блокадата. Чекаат средба со премиерот

Приватните превозници попладнево ги тргнаа автобусите со кои го блокираа булеварот „Илинден“ во делот од фонтаната „Лотос“ во Градски парк до крстосницата кај ГОБ „8 Септември“.

Тие  ќе чекаат покана од премиерот за средба на која би присуствувале и претставници на Градот Скопје, но и на ЈСП.

Претходно Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ рече дека сите автобуси што се на улицата ќе се повлечат за да му се даде простор на дијалогот кој го предлага премиерот Димитар Ковачевски и е основа за средба на која, како што и самиот премиер спомена, ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целата оваа состојба од која и нему и на пошироката јавност по тие средби ќе ѝ бидат пренесени во изворна форма на јавноста.

 

Back to top button
Close