ИНФОГРАФИК: 12% од заразените со Ковид-19 се реинфекции

11,9% од вкупниот број на заразни од 12 јануари до денеска се реинфекции, покажуваат податоците кои секојдневно ги испраќа Министерството за здравство. Токму на 12 јануари Здравство почна да испраќа податоци за тоа колку од вкупниот број на новозразени се всушност пациенти кои по втор пат се заразиле со вирусот.

Оттогаш заклучно со денешната Ковид-19 статистика вкупно заразени се 16.709 луѓе со коронавирусот. Од нив 2.005 се реинфекции.

Согласно податоците кои ги испраќа МЗ, најголем број на реинфекции се регистрирани во вторникот, дури 310, додека најмалиот број е регистриран еден ден претходно, односно во понеделникот, кога според статистиката, регистрирани се 86 реинфекции.

 

Back to top button
Close