Инфомах-Украдени пушки од полициска станица употребни во разбојништво во близина на домот на премиерот?!

Пред повеќе од 6 месеци јавноста беше информирана дека автоматско оружје „Калашников“ било украедено од Полициската станица во Карпош. Од МВР на 17 јули потврдијаа дека недостасува оружјето и информираат дека веќе е направен план за негово пронаоѓање.

-При извршена контрола на 8 јуни констатирано е дека во периодот од 19 јуни до 8 јули станицата во Карпош недостасува автоматското оружје и за истото известена е внатрешна контрола при МВР, а од страна на Полициска станица Карпош изготвен е план за преземање на сите неопходни оперативно-тактички мерки за нејзино пронаоѓање, соопштија од полицијата.

Но како што дознава Инфомакс не едно парче туку две парчиња автоматско оружје исчезнале од оружарницата на полициската станица во Карпош.

Во меѓувреме на 31 декември при детална контрола и попис во оружарницата на полициската станица е констатирано дека недостасува уште една автоматска пушка „Калашников“. И двете парчиња оружје припаѓале на полицајци кои одамна се прераспределени од ПС Карпош на друга позиција во рамки на МВР.

Иако е поведена дисциплинска постапка за првата кражба, ниту раководството на ПС Карпош, ниту раководството на МВР нема откриено кој ги има украдено автоматските пушки., а никој нема понесено ниту одговорност за мега скандалот.

Дополнително повеќе од 20-тина дена од целокупната македонска јавност се крие податокот дека од оружарницата на ПС Карпош недостасува уште едно парче оружје со голема убиствена моќ.

За приказната да биде уште потрагична утринава околу 5 часот наутро се има случено вооружен крабеж на казино во скопската Влае во кое се употребени две автоматски пушки од марката „Калашников“. Вооружениот грабеж се случува многу блиску до домот на актулениот премиер, Христијан Мицкоски кој заедно со семејсвото се реши да не живее во премиерската Вила на Водно туку во својот фамилијарен дом во населба Влае.

Од високи извори во МВР дознаваме дека постои сериозен сомнеж дека токму двете автоматски пушки кои биле употребени во грабежот кој се случил утринава се оние кои биле украдени од оружарницата на ПС Карпош.

Иако овие наводи се уште не се потврдени од истрагата сомнежот е сериозен дека украденото оружје на македонската полиција е употребено во вооружен грабеж во Влае.

Back to top button
Close