МВР не ги пушти Ковачев, Врабевски и уште неколку бугарски државјани да влезат во Македонија – Не дозволуваме омаловажување на македонските граѓани

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, Милен Врабевски и уште четворица други бугарски државјани им бил забранет влез во Република Македонија на граничниот премин Ново Село, потврдиле од МВР за Инфомакс.

-Денеска (06.05) околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија, меѓу кои се и двете лица за кои прашувате. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата, велат од МВР.

Бугарската новинска агенција БГНЕС пак пренесе дека тие утрово како и секоја година тргнале да учествуваат на панихидата за починатите на Бугарските воени гробишта во струмичко Ново Село.

„За жал, не смеев да одам на традиционалната прослава на Ѓурѓовден во струмичко Ново Село. Повеќе од 10 години на Ѓурѓовден одам во Ново Село, Македонија, на нашите Бугарски воени гробишта. Оваа година повторно тргнав натаму и на мое големо изненадување и чудење, не нè со објаснување дека има одлука да не пушат, но никому не објаснија кои се мотивите“, вели Ковачев за БГНЕС

Back to top button
Close