Иницијатива на Палчо за референдум ќе се најде пред пратениците – Џафери смета дека мора да се отфрли

Една недела пред убиството на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и 12 дена пред киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, осомничениот Љупчо Палевски-Палчо до Собранието поднел предлог за распишување референдум во врска со Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Иницијативата е поднесена со сто потписи, а се предлага иницирање процедура за собирање 150.00 потписи за распишување референдум. Прашањето што Палевски го предлага за референдумот е „Дали сте за договорот склучен на 1 август 2017 година меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија“. Разгледувањето на предлогот е ставено на дневен ред на собраниска седница што ќе се одржи на 22 декември.

На 17 ноември за иницијативата расправале Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија и дале негативно мислење со оценка дека иницијативата е неуредна поради погрешно наведени датуми на усвоениот договор.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека до него стигнала оваа иницијатива и дека таа формално ќе биде ставена на дневен ред.

– Во соодветна процедура е процесуирана иницијативата – во меѓувреме се случија настаните. Материјалот од Комисијата, како неуреден, е пуштен до мене. Според процедурата, сум должен на прва наредна седница да се најде на дневен ред. Според обврските на Деловникот, точката се нашла на дневен ред. Собранието формално ќе се изјасни, но во ситуацијава, и да го прифати предлогот, лицето кое што е овластено според процедурата е проблематично, така да треба да се отфрли предлогот. Носител е лице инкриминирано во кривично дело. Ова е мое првично мислење – рече Џафери синоќа во гостување на ТВ 24.

Back to top button
Close