Инспектори упаднале на свадба. Го казниле организаторот. Свадбата продолжила

Инспектори на Пазарната инспекција во саботата вечерта упаднале на свадба во објект специјализиран за масовни забави на периферијата на Битола во потпелистерието, пренесе СДК:

Дежурната екипа на државниот пазарен инспекторат добила пријава и фотографии од граѓани дека во еден од познатите битолските ресторани се прави свадба со стотина гости. Фотографиите кои ги добиле инспекторите, гостите на свадбата си ги објавувале на социјалните мрежи со честитки за среќен брак на младенците.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат велат дека во однос на свадбата во Битола немаат кластер, но напоменуваат дека за тоа сѐ уште е рано и доколку на свадбата имало позитивно лице може да се очекува да се појават заболени и нов кластер за десетина дена.

повеќе

Back to top button
Close