Интер подготвува изненадувачки трансфер во јануари
Интер ќе се обиде да се засили во јануарскиот преоден рок.
Според „Марка“, клубот може да го привлече Марко Верати. Халфот (32) игра за Ал-Араби во Катар откако летото го напушти Пари Сен Жермен како слободен играч.
Кариерата на Верати во Катар не оди најдобро и неговиот тим е десетти на табелата од 12 екипи и се бори за опстанок.
Италијанецот се надева на заминување веќе во јануари, а „нероазурите“ се кандидати за неговиот потпис.
Сепак, неговата плата ќе биде проблем бидејќи заработува 30 милиони евра по сезона.