Интересни факти за кралицата Елизабета

Кралицата Елизабета Втора почина во длабока старост. За многу Британци, но и за другите обожаватели на кралското семејство, се чини дека веќе многу добро ја познаваат. Списанието „Бритн Магазин“ (Britain Magazine) издвои неколку анегдоти кои ја прикажуваат кралицата во неформално светло и кои добро го покажуваат нејзиниот лик и шарм.

Во околината на дворецот Хајклер, попознат како Опатијата Даунтон (Downton Abbey), еден човек поправал скршена приколка кога слушнал познат глас како го прашува: „Можам ли да ти помогнам?“ Токму кралицата со шал околу главата се шетала со своето куче. Таа била една од оние гости кои секогаш сакаа да помогнат.

Кога кралицата ги снимала своите божиќни обраќања до нацијата, продуцентот поставувал смешни слики на стратешки места низ собата за да биде сигурен дека кралицата ќе биде насмеана.

По раѓањето на принцот Ендрју, кралицата некое време не се појавуваше во јавноста. Таа стана толку анонимна што кога се појавила во театар со принцот Филип, добила погрешни места.

„Не можам да носам беж боја бидејќи луѓето нема да знаат која сум“, рекла еднаш кралицата.

Чантата на кралицата имала необична секундарна функција – служела како уред за сигнализација. Ако ја стави на масата за вечера, тоа би значело дека ќе си замине во рок од пет минути. Ако ја префрли чантата од една на друга рака, тоа значело дека сега би сакала да разговара со некој друг.

Во четириесеттите години на Малта имало многу забави на кои се собирале морнарите и нивните сопруги. Ако ситуацијата на забавата излезе од контрола, принцот Филип ја седнувал принцезата Елизабета на клавир за да ја зачува од неволји.

Еден ден во јуни 2011 година, кралицата беше на ручек во Виндзор со своите пријателки од јавање. Во еден момент рекла „Боинг 747“, а по неколку минути рекла „Ербас“. Дворецот е блиску до аеродромот Хитроу, а кралицата можела да ги препознае авионите по нивниот звук.

Кога се роди Маргарет Роуз, нејзината сестра, принцезата Елизабета рече: „Ќе ја викам пупка“, објаснувајќи дека детето сè уште не личи на роза.

Додека патувале низ Канада во 1950 година, принцот Филип ја бркал својата сопруга низ возот носејќи лажна забна протеза.

Фото: Vogue

Back to top button
Close