Иран демантира дека извршил напади врз ОАЕ

Воената команда на Иран „Хатам ал Анбија“ соопшти дека изминатите денови не извршила напади врз Обединетите Арапски Емирати, но предупреди на „жесток одговор“ доколку ОАЕ преземе какви било мерки против Иран.

ОАЕ претходно соопштија дека втор ден се цел на напади од Иран, по четиринеделното релативно примирје помеѓу САД и Иран.

ОАЕ тврди дека вчера пресретнала 12 балистички ракети, три крстосувачки ракети и четири дронови лансирани од Иран. Во вчерашните напади со дрон беше погодено нафтено пристаниште Фуџаира, при што се повредени тројца индиски државјани.

Back to top button
Close