Иран достави до Пакистан нов предлог за разговори со САД

Иран денеска достави нов предлог за преговарачка рамка до Пакистан, кој е посредник во процесот на мировните преговори меѓу Техеран и САД, јави ИРНА, повикувајќи се на ирански дипломатски извори.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, изјави дека прекинот на војната и постигнувањето траен мир се приоритет на Техеран во разговорите со Вашингтон. Како што се наведува, примирјето меѓу Иран, САД и Израел беше воспоставено на 7 април со цел да се овозможи дипломатско решение, а подоцна беше продолжено на неодредено време.
Преговорите меѓу Техеран и Вашингтон се одржаа на 11 април во Исламабад, со учество на делегации предводени од претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Калибаф и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, но без постигнување договор.






