Иран поворно ги нападна Израел и американските бази на Блиски Исток

Иранската армија соопшти дека презела нов бран напади врз Израел и американските бази во регионот на Персиски Залив.
Портпаролот на Здружениот штаб на иранските вооружени сили, Ебрахим Золфагари наведе дека нападите биле насочени кон израелскиот јужен туристички град Еилат и Тел Авив, како и кон американските бази во Кувајт и Бахреин.
Претходно, Тајмс оф Израел“ објави дека Иран, пред почетокот на еврејскиот празник, Пасха го почна својот најголем ракетен напад врз Израел од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток. Според весникот, околу 10 балистички ракети биле истрелани кон централен Израел, а поголемиот број биле пресретнати од системи за воздушна одбрана, додека некои од ракетите паднале во ненаселени области.
Израел возврати на иранските напади. Израелските воздухопловни сили соопштија дека почнале „бран опсежни напади“ врз Техеран.






