Ирскиот пасош најмоќен , Македонскиот на 81 место
Најновото рангирање кое го направи „Nomad Capitalist“ за 2025 ја смести Ирска како држава со најмноќниот пасош во светот. Македонија на оваа листа се најде на 81 место каде нашата земја има ист резултат како Тонга и Гватемала. Според ова рангирање Македонија овозможува влез без виза во 132 држави.
Деветтото издание на рангирањето рангира 199 земји и територии и користи 20 извори како што се даночните власти на земјата за даночната под-оценка, Светскиот извештај за среќа и Индексот за човечки развој на Обединетите нации за потоценката за перцепција.