Исчезнатите девојчиња се најдени,тие се веќе со родителите кои допатувале во Скопје
Исчезнатите девојчиња се најдени вечерва објавено е на социјалните мрежи.
Засега нема официјална потврда, но профилот на фејсбук кој претходно објави видео од последниот период кога биле забележани девојките објави дека девојките се најдени.
Како што претходно објавивме две девојчиња од Струмица на возраст од 12 и 14 години исчезнаа во Скопје, откако биле дојдени на екскурзија. Репортер на Инфомакс од терен објави дека девојчињата со нивните родители кои дошле во Скопје веќе се во полиција. Се очекува МВР да ги објави деталите од исчезнувањето кое ја вознемири јавноста.







