Исланд се подели околу ЕУ – 51 отсто се „против“, 48 отсто се „за“
Референдумот во Исланд за продолжување на преговорите за членство во Европска Унија е претесен за да се прогласи победникот. Според нецелосните резултати, 51,8% од гласачите се изјасниле против, а 48,2% се „за“, при што државната телевизија „РУВ“ објави дека разликата е стотици гласови.

Премиерката Криструн Фростадотир вети дека ќе организира референдум по ова прашање до 2027, но ја убрза постапката поради меѓународните тензии, особено околу Гренланд. Сепак, дебатата во земјата со 400.000 жители повеќе се водеше за рибарството отколку за безбедносните грижи. Рибната и морската индустрија сочинуваат речиси 40% од извозот на Исланд, па многумина се плашат дека земјата ќе мора да отстапи дел од контролата врз своите профитабилни риболовни подрачја според заедничката политика за рибарство на ЕУ.
„Ова е одличен ден, чекавме со години за да можеме да гласаме“, рече Фростадотир, додавајќи дека нејзината влада ќе продолжи со својата работа без оглед на исходот.
Иако земјата е веќе дел од единствениот пазар на ЕУ и Шенген зоната, членството во ЕУ би ја довело во царинската унија и на крајот, во еврозоната.
Апликацијата на Исланд за членство во ЕУ веќе беше во напредна фаза кога преговорите беа ставени во мирување во 2013, а од Европската комисија посочија дека разговорите би можеле да бидат финализирани за една или две години






