Истрага против 19-годишник, продавал дрога и нападнал полицаец

Поведена е истрага против 19-годишник осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од страна на Основното јавно обвинителство Куманово.

Од Јавното обвинителство соопштија дека на 25 март при личен претрес на осомничениот пред станбената зграда во која живеел, полицијата нашла околу 10 грама марихуана која претходно ја набавил од непознато лице, ја спакувал во седум помали пакувања и ја наменил за понатамошна продажба.

„Додека му бил вршен претресот, тој од џебот извадил нож и им се заканил на полициските службеници. Со дршката на ножот удрил еден од полицајците, со што му нанел телесна повреда“,велат од Јавното обвинителство.

Оттаму велат дека јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а Основниот суд во Куманово го прифатил предлогот и определил притвор во траење од 30 дена.

Back to top button
Close