Истражување на Владата: 37% од граѓаните се задоволни од мерките на Владата за справување со пандемијата
37% од граѓаните се задоволни од мерките кои ги донела Владата за справување со ковид кризата. 35% од анкетираните не се задоволни додека 27% велат дека се само делумно задоволни, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Индаго по нарачка на Владата. Според него, најголемо задоволство од мерките на Владата има во југоситчниот регион на најголемо е незадоволството во вардарскиот регион каде близу половина од анкетираните не се задоволни со мерките на Владата.
За граѓаните најефикасна мерка донесена од Владата е финанската помош за зачувување на работните места.
Анкетата на Индаго за потребите на владата е спроведена телефонски во средината на март врз репрезентативен примерок од 1100 испитаници.