Италија му продава оружје на Египет вредно девет милијарди евра

Италијанската Влада е подготвена да му продаде оружје на Египет во вредност од девет милијарди евра, објавија италијанските медиуми.

Веќе е одобрена продажба на два брода и Египет останува најголем купувач на италијанско оружје.

По тој повод, преку заедничко соопштение се огласиле организации и граѓански здруженија, кои „бизнисот на векот“ го сметаат како „неприфатлив, скандалозен и отворено спротивен на актуелниот закон во Италија“.

Законот, се наведува во соопштението, не само што стриктно забранува извоз на оружје во земји чии влади се одговорни за утврдени кршења на меѓународни конвенции за човекови права, туку и пропишува дека извозот и продажбата на оружје мораат да бидат согласно надворешната одбранбена политика на Италија.

Back to top button
Close