Италијанската премиерка и нејзината шетгодишна ќерка добиле смртни закани

Невработен 26-годишен маж е уапсен поради смртни закани кон премиерката на Италија, Џорџа Мелони и нејзината шестгодишна ќерка, соопшти денеска полицијата.

Тој бил незадоволен од плановите на италијанската влада за намалување на субвенциите за невработените.

Сицилијанецот е под истрага поради закани преку Интернет, неговата куќа е претресена, а неговиот профил на Твитер е укинат, се вели во соопштението на полицијата.

Back to top button
Close