Италијанските власти го кренаа на највисоко степенот на опасност за вулканот Стромболи
Вулканската активност на островот Стромболи, северно од Сицилија, ги натера италијанските власти вчера да го покренат нивото на тревога од портокалово на црвено, јави ДПА.
Локалните авторитети ги повикаа жителите на островот да ги следат упатствата на цивилната одбрана.
Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) соопшти дека на Стромболи е регистрирана зголемена вулканска активност. Активниот вулкан на островот исфрла лава и пепел во морето, соопшти институтот.
На островот Стромболи постојано живеат неколку стотици жители. Многу туристи патуваат до него по море од италијанското копно или од Сицилија за да се искачат на вулканот кој е висок 920 метри и редовно еруптира