Итно мерки против хулиганите, ало заспано обвинителство, се слушаме ли!?

Државата под итно да преземе мерки против хулиганизмот! Денес во Ѓорче Петров за влакно е избегнат сериозен меѓуетнички инцидент. На повиците „Мртов Шиптар добар Шиптар“ од навивачи на улица (не на стадион), застана цела албанска свадба.

Мерки, веднаш! Не само полицијата, туку и Обвинителството кое добива пријави од полиција, но не презема ништо!

Ало, обвинители! Не ви e доста што ги тинтрате криминалците кои ни ја ограбија државата, сакате и војна да ни направите со вашето непостапување?! Малку ви се пари, сакате и крв?!

Не заборавајте, војната во Босна „почна“ на свадба! Или соберете се и соберете ги идиотите, или утре да знаете, ако има жртви, не се криви ни „едните“, ни „другите“, туку вие, разбравте ли?!

#StopZaOmrazata
#StopZaHuliganizmot

Петрит Сарачини – Фејсбук статус

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close